ФИФА донесе конечна одлука да го казни тимот на Челси кој нема да може да регистрира нови играчи во следните два трансфер периоди.
Тоа значи дека Челси и следната сезона ќе мора да ја одигра со играчкиот кадар со кој располага и веројатно за да го зачува квалитетот нема да продава никој од играчите.
Клубот е казнет поради тоа што ги прекршил правилата за трансфер на млади фудбалери и токму затоа доби ваква ригорозна казна.
Ова не е прв пат Челси да заработи трансфер забрана затоа што пред неколку години беше казнет поради трансферот на тогаш младиот, 16 годишен фудбалер Гаел Какута.
Освен забраната за трансфери, клубот од Лондон ќе мора да плати и 400.000 фунти на Светската куќа на фудбалот.
Забраната не се однесува на продавање и отпуштање на играчи од клубот, па така Азар, Худсон-Одои и уште неколку играчи кои се поврзуваа со заминување би можеле да си одат, но ќе видиме дали ќе се случи тоа по најновата вест од ФИФА.
ФИФА спровела истрага во последните три години, а конечниот епилог резултираше со ригорозната казна. „Скај Спортс“ пренесува дека еден од сомнителните трансфери е оној на Бертранд Траоре кој пристигна во Лондон од Оксер во 2014 година.