Најголемата социјална мрежа на светот на корисниците на Андроид им овозможи полесна контрола над објавата на локацијата, нешто што најчесто го злоупотребуваат хакерите, но и маркетинг агенциите.
Фејсбук ги објави новите алатки за својата апликација со чија што помош, корисниците на уредите кои што работат на Андроид оперативниот систем полесно ќе можат да го блокираат емитувањето на локацијата кога апликацијата не се користи.
За разлика од досегашната пракса на Андроид, оперативниот систем iOS им овозможува на корисниците да го ограничат користењето на локациските услуги во одредени услови (кога ја користат апликацијата, секогаш и никогаш“, но на Андроид тоа не беше возможно.
Доколку ѝ дозволите на апликацијата на Фејсбук која што е практично инсталирана на секој телефон, да ве следи преку GPS каде сте, тогаш таа апликација ќе го прави тоа цело време, без разлика дали ја користите апликацијата или не.
Сега, како што соопштија од Фејсбук, избирањето на новата опција ќе ви даде дополнително ниво на приватност. На пример, секој кој што ја користи опцијата „пријател во близина“, нема да може да ве види доколку не ја користите апликацијата на Фејсбук.
Доколку локациските услуги веќе сте ги блокирале, тие ќе останат блокирани и со самата надградба на апликацијата.