Хјундаи наскоро ќе го претстави хибридниот Tucson N-Line

Точка

22/02/2019

17:15

2.184

Големина на фонт

а а а

Предвиден да се појави до крајот на 2019-та година, Tucson N најпрвин ќе добие „претходница“ N-Line. Секако, станува збор за пакет на опрема кој носи спортски детали, а ќе биде претставен на Саемот за автомобили во Женева.

Хјундаи во понудата ќе вклучи турбо бензински и турбо дизел мотори, вклучувајќи и 2.0 CRDI со електричен систем од 48 V. Овој „благ“ хибриден систем вклучува литиум јонска батерија од 0.44 kWh, стартер генератор, рекуперација на енергија од сопирачките и 186 коњски сили.

Достапен со шестостепен мануелен или осумстепен автоматски менувач, хибридизираниот 2.0 CRDI ќе испорачува максимален обртен момент од 400 Nm. Покрај тоа, од Хјундаи ќе претстават и „поблаг“ хибриден погонски склоп базиран на 1.6 CRDI агрегат.


Новиот хибриден Tucson ќе пристигне со поагресивни линии, спортски детали и N ознаки и ЛЕД осветлување. Од Хјундаи објавија само две фотографии со кои што го најавија новиот модел, на кои што може да се види дел од предниот дел, како и дел од внатрешноста кај менувачот.

Според последните информации, перформантниот “N” модел би требало да располага со најмалку 340 коњски сили, што ќе гарантира „спринт“ од 0 до 100 километри на час под шест секунди. Секако, за ова ќе биде задолжен моќниот 2.0 T-GDI мотор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг