Убавата Косоварка се појави во комбинезон со најдраматичните ракави кои сме ги виделе

Точка

22/02/2019

17:06

4.414

Големина на фонт

а а а

Пејачката Рита Ора често нè изненадува со своите модни комбинации кога се појавува на свечените настани кои освен неа ретко дека некој друг би ги носел.

За вчерашниот настан кој го организираше телевизијата VH1, убавата Косоварка облече комбинезон кој е преполн со детали и со сигурност ја носи победата во категоријата за најчудни и најдолги ракави кои некогаш сме ги виделе. 


Низ тесниот комбинезон вметнати се црни перја, а самите панталони биле изработени од светкав материјал. Оваа креација е дело на модната куќа Ashi Couture, а за Рита пристигна директно од модната писта каде беше претставена како дел од овогодинешната пролетно-летна линија.


Инаку, Рита е голема обожавателка на перја, а ова не е првпат да се појавува во вакви екстравагантни креации.

.





Спонзорирани линкови

Маркетинг