Британец ја убил својата сопруга за да земе 2,2 милиони евра од осигурување: Сакал да започне нов живот со љубовникот, но направил една грешка

Точка

22/02/2019

15:54

3.323

Големина на фонт

а а а

Пател долго го планирал ова убиство, а шест години сопругата ја изневерувал со маж.

На фармацевтот му се заканува доживотен затвор затоа што ја задавил својата сопруга, за да може да започне нов живот со геј љубовникот во Австралија. 

Митеш Пател од Велика Британија се надевал дека по смртта на сопругата ќе може да го наплати осигурувањето од 2,2 милиони евра и да ги искористи нејзините замрзнати ембриони за да има деца со љубовникот кој емигрирал во Австралија.

Тој се обидел смртта на својата жена да ја претстави како несреќа која тргнала по лошо. Парот живеел во близина на аптеката која заедно ја воделе.

Неговите лаги биле откриени откако полицијата го утврдила неговото движење преку аплицкација на "iPhone", пренесува "Daily Mail".

Неколку минути по смртта на несреќната жена, Пател трчал низ куќата за да намести дека станувало збор за обид за провала.

Апликацијата покажала дека го земал телефонот на сопругата и го преместил за да изгледа дека крадецот го земал и му паднал.

34-годишната Џесика веќе патела шест години, бидејќи знаела дека тој има афера со маж и дека користи Tinder за дружење.

Луѓето кои го следеле судењето биле воодушевени кога Пател бил осуден за убиство.

Тоа што исто така го издало дека планирал да ја убие својата сопруга, е неговото интернет пребарување, бидејќи истражувал како да ја убие.



Спонзорирани линкови

Маркетинг