Потресна снимка! Детето неутешно плаче: Погледнете како спасувачите го извлекуваат од длабоката јама на градилиште по 16 часа

Точка

22/02/2019

15:29

2.135

Големина на фонт

а а а

6-годишното дете кое паднало во дупка длабока 60 метри на градилиште во селото Манчар Тесил во индиската сојузна држава Махараштра, било спасено по 16 часа.

Рави Пандит Бил се заглавил во дупка на длабочина од три метри, кога бил на градилиште на кое работел неговиот татко, а и покрај обидите на вработените, не успеале да го извлечат, па биле повикани спасувачките служби. 

Ни спасувачите не можеле да дојдат до него, па паралeлно почнале да копаат друга дупка, а потоа пробушиле тунел до јамата и го извлекле детето.

Снимките од местото на настанот го покажуваат детето како неутешно плаче додека спасувачите го извлекуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг