Солскјер за потенцијалниот шампион во Премиер лигата: Не сакам да се мешам, но...

Точка

22/02/2019

16:04

1.649

Големина на фонт

а а а

Ливерпул е на првото место на табелата во Премиер лигата, но јасно е дека до крајот на сезоната ќе има жестока борба со Манчестер Сити за шампионската титула.

Овој викенд силите ќе ги одмерат Јунајтед и Ливерпул во дербито на колото во Премиер лигата, а на Јунајтед нема да им биде лесно – ако ги победат „Редси“ ќе им дадат шанса за титулата на градските ривали Сити, а ако загубат, тогаш најголемиот ривал Ливерпул ќе биде чекор поблиску до титулата.

„Не сум посебно фокусиран на другите тимови и тоа што го прават тие. Фокусиран сум само на нас и на тоа што сакаме да го направиме до крајот на сезоната. Трката се сведе на три тима, а мојот фокус е четвртата опција“, изјави Солскјер.

Потоа англиските новинари го прашаа Норвежанецот дали би сакал Тотенхем да ја освои титулата во Премиер лигата пред двата големи ривали на Јунајтед – Ливерпул и Сити, а одговорот на Солскјер беше многу интересен.

„Не би сакал да се мешам, но можеби“, изјави Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг