"Rocketman": Епска музичка фантазија за Елтон Џон

Точка

22/02/2019

15:02

2.442

Големина на фонт

а а а

Новиот филм "Rocketman" е епска музичка фантазија и неверојатна човечка приказна за периодот кога Елтон Џон се пробиваше на врвот.

Филмот го следи фантастичното патување и трансформирањето на срамежливиот и талентиран клавијатурист Реџиналд Двајт во меѓународната суперѕвезда Елтон Џон. 


Ова е инспиративна и во исто време универзална приказна со која многумина можат да се поистоветат. Раскажана низ омилените песни на Елтон Џон, чија улога ја толкува Тарон Егертон, за момчето од мал град кое станува една од највлијателните фигури на светската сцена на поп културата.


Во филмот исто така глумат и Берни Таупин, Ричард Меден во улога на првиот менаџер на Елтон, Џон Рид и Брајс Далас Хауард во улога на неговата мајка.

Режијата ја потпишува Декстер Флечер, а сценариото Ли Хол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг