51-годишната Катрин Хардт открила зошто никогаш не би спиела со маж на нејзина возраст: “Тие се неуредни и себични”

Точка

22/02/2019

14:26

2.861

Големина на фонт

а а а

51-годишната Катрин Хардт за своите партнери бира исклучиво помлади мажи во доба помеѓу 26 до 37 години бидејќи мажите на нејзина возраст се неуредни и себични во сексот, додека оние помладите очајнички сакаат да бидат со неа.

Оваа средовечна жена од Британија вели дека почнале да ја привлекуваат помлади мажи кога почнала да излегува со еден таков. Споделувајќи ги своите сексуални искуства, Хардт кажала дека помладите мажи во креветот повеќе ги почитуваат нејзините желби, за разлика од постарите кои се сосредоточени на сопственото задоволство. 

Страста кон помладите мажи ѝ се родила откако еден пријател ја запознал со Дилан. Хардт тогаш имала 47 години, а тој бил 20 години помлад од неа, пишува “Daily Mail”.

“Беше забавно колку беше привлечен. Личен тренер со сини очи и руси кадрици. Помеѓу нас веднаш се роди искра. Кога ме покани на состанок, не можев да ја скријам својата среќа, а по состанокот имавме страствен секс”.


Тоа што сѐ уште може да заведува доста помлади мажи, го должи на одличната фигура која ја поседува благодарение на комбинацијата од генетиката и вежбањето, вели Катрин.

“Никогаш не сум се чувствувала поатрактивно. Повеќе не пушам цигари ниту излегувам да пијам секој викенд како што правев додека студирав. Многу повеќе се грижам за себеси така што вежбам пет пати неделно, повеќе спијам и подобро се хранам”, изјавила Хардт и додала дека со нејзините врсници сепак тоа не е така.

Таа вели дека мажите на нејзина возраст се запуштаат, а повеќето од нив се надвор од форма и имаат прекумерна тежина. Со нив едноставно не би можела да води љубов.

“Одлично се забавував со сите тие момци и сите ме импресионираа со желбата да ме задоволат, а во тоа животно доба мажите имаат незаситна сексуална желба”, вели 51-годишната Катрин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг