Лопетеги откри една сурова вистина за начинот на кој дознал за отказот во Реал

Дерби

22/02/2019

12:56

1.317

Големина на фонт

а а а

Хулен Лопетеги пред извесно време за првпат јавно проговори за неуспешната етапа која ја имаше како тренер на Реал Мадрид, а во ексклузивната полноќна програма на познатото радио „Кадена Копе“ повторно доби прашања за овој период кој може да му послужи како голема лекција.

Лопетеги во период од само неколку месеци заработи откази од шпанската фудбалска репрезентација и Реал Мадрид, па така се претвори во најголем губитник во 2018 година која сигурно нема да ја памети по добро. Хулен го оствари својот сон со тоа што доби шанса да го води Реал, но од друга страна пак, многу брзо беше соочен со суровата реалност на фудбалот во ситуација кога резултатите не одеа во негова полза. За негова несреќа, со сурова приказна се соочил и при дознавањето на одлуката за прекин на соработката, бидејќи истата не ја дознал од човекот кој всушност најмногу инсистираше на негов ангажман, претседателот Флорентино Перез.

– Информацијата за отказот ми ја кажа Хосе Анхел Санчез. Не разговарав со Флорентино и воопшто немам разговарано со него откако си заминав. Таков е фудбалот, не сфаќам ништо лично. Не треба многу да се навраќаме на ова. Немам никаков контакт со ниту еден од фудбалерите, секој оди по својот пат. Тие по нивниот, јас по својот. Многу сум му благодарен на Реал и им посакувам се најдобро, – порача Лопетеги.



Спонзорирани линкови

Маркетинг