Клои Кардашијан конечно проговори и ги потврди гласините за новото неверство на кошаркарот

Точка

22/02/2019

12:49

4.978

Големина на фонт

а а а

Семејството Кардашијан-Џенер овие денови го тресат нови скандали кои единствено би ги пропуштиле доколку живеете под камен. Имено, сега поранешното момче на Клои Кардашијан и таткото на нејзината ќерка, кошаркарот Тристан Томпсон повторно е уловен во неверство и тоа со најдобрата пријателка на Кајли Џенер, Џордин Вудс.

Тие двајца наводно се зближиле на забавата на која бил домаќин кошаркарот и тоа не помина ниту една година откако камерите го уловија како ја изневерува Клои само неколку дена пред да се породи. Кардашијанката првиот пат му прости, но сега официјално ја прекинала врската со него и после неколку дена молчење конечно проговори за скандалот. 

Клои на своето Инстаграм Стори објави неколку пораки кои очигледно биле наменети за Џордин и Тристан, иако не ги именувала.


"Најлошата болка е кога ќе те повреди некој на кој си му ја доверил својата болка", започна Клои, а фановите сфатиле дека станува збор за Џордин.


"Некој мора да го слушне ова...Тоа предавство беше твој благослов", продолжи Клои и заврши со илустрација на жена која плаче:

"Ако те прашаат за мене, кажи им: "Таа беше единствената личност која искрено ме сакаше, а јас ја скршив".


Со ова Клои потврди дека гласините се точни, иако претходно тоа го потврдија и нејзините сестри.

Имено, како што пренесува Harper's Bazaar, Кајли ја избркала Џордин од својот дом со која живееше заедно. Потегот на Џордин го навреди целото семејство, кое ја прифати како нивна ќерка и сестра на која со години ѝ помогнуваа да успее во животот.

И Ким застана во одбрана на својата сестра така што прва ги отследи Тристан и Џордин на Инстаграм, додека на Стори објави видео во кое ја пее песната "Don't Mess with My Men", која очигледно е наменета за Џордин.

##https://twitter.com/chope_xo/status/1098708273925144577##



Спонзорирани линкови

Маркетинг