Ширум францускиот брег, повеќе од 30 години се случува една необична појава – морето постојано исфрла пластични телефони во облик на Гарфилд на брегот.
Како што пишува францускиот портал “Francetvinfo.fr”, ретро телефоните во облик на Гарфилд, стрип-мачката од 1978 година, повторно се пронајдени на повеќе плажи на брегот од северозападна Франција.
Dans le Finistère, des téléphones Garfield souillent les plages depuis trente ans https://t.co/A4XLsQ4P2p pic.twitter.com/R5PEXLSUEw
— Dandu. (@DandumontP) February 18, 2019
Телефоните со големина од околу 30 центиметри кои се направени од тврда портокалова пластика, популарните т.н. “банани”, веќе последните 30 години се појавуваат на овие плажи.
Надлежните велат дека само минатата година, морето исфрлило над 200 примероци од ваквите телефони, кои воглавно се појавуваат во радиус од 24 километри.
“Никогаш не престанува. Со секое чистење на плажите, ние пронаоѓаме три-четири телефони или нивни делови. Нивната состојба е неверојатна, толку се зачувани што дури ни бојата не е оштетена”, вели Ле Мур, претседателка на организацијата Вилтансоу, која прва го пријавила необичниот проблем во овој дел на Франција.
[#pollution #plastique] Un bien curieux mystère: depuis 30 ans, des #téléphones #fixes à l'effigie du chat #Garfield s'échouent sur les côtes du #pays d'#Iroise.🐱☎️➡️https://t.co/6qcn0181wQ (Image: Beach plastic Bretagne) pic.twitter.com/EbPEZ1aXGW
— consoGlobe.com (@consoglobe) February 19, 2019
Се претпоставува дека телефоните кои беа популарни во осумдесеттите потекнуваат од товарен брод кој потонал уште во минатиот век, во блискиот залив Брест. Уште поинтересно е тоа што компанијата која ја поседува лиценцата за производство на ваквите телефони не знае ништо за случајот, па се претпоставува дека телефоните можеби се и копии кои несреќно завршиле во морето.
Дотогаш, телефоните во облик на Гарфилд станаа мотив за жителите на околните градови редовно да доаѓаат и да ги чистат плажите бидејќи пронаоѓањето на ваков телефон, тие го сметаат за пронаоѓање на вистинско богатство.