Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Макфакс

22/02/2019

11:22

4.487

Големина на фонт

а а а

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констатирале дека има сепса.

Според извори од клиниката, лекарите не можеле да го спасат.

Неофицијално, пред неколку дена момчето имало хируршки зафат на хемороиди во приватна здравствена ординација која се наоѓа во Карпош.

Државниот санитарен и здравствен испекторат за „Макфакс“ потврди дека имало ваков случај и додадоа дека вршат вонреден испекциски надзор во приватната здравствена ординација за да утврдат дали има пропусти во интервенцијата кај младото момче.



Спонзорирани линкови

Маркетинг