Благодарение на црвеното вино, оваа 106-годишна старица сѐ уште свири тапани

Точка

21/02/2019

20:22

3.035

Големина на фонт

а а а

Виола Смит е родена на 29-ти ноември 1912 година во Маунт Калвари и била едно од 10-те деца. Цело нејзино семејство свирело клавир, а во 1920 година нејзиниот татко оформил оркестар во кој свиреле Виола и нејзините шест сестри.

Откако се преселила во Њујорк, таа му се придружила на бендот “Hour of Charm Orchestra” предводен од Фил Спитални, попознат како женски оркестар. Нејзината способност да чита ноти ѝ помогнала подоцна да му се придружи на симфонискиот оркестар на “NBC”, еден од водечките оркестри на тоа време. 


Кога во 1949 година свирела на инаугурацијата на претседателот Хари Труман, Виола основала сопствен бенд под името “Viola and Her Seventeen Drums”, во тие години соработувала и со некои од најпознатите музичари, а за неа пишувале и многу весници.


На прашањето која е тајната на нејзината долговечност, Виола објаснила дека тоа е секојдневна вежба која вклучува енергично свирење на тапани, но и уште еден мал трик кој, како што вели таа, ѝ помогнал да остане во форма.

“Пијам, но умерено. Пиевме уште како деца, нашиот татко секогаш за вечера нѝ носеше вино”, вели Смит. Таа додала дека секојдневната консумација на вино го продолжува животот за барем три години и нагласила дека црвеното вино е многу подобро од белото.


Виола препорачува една чаша дневно, но “доколку сте млади можете да испиете и две”.

Оваа 106-годишна старица, некогаш позната и како “најбрзата американска тапанарка” ги инспирира луѓето и го прави она што најмногу го сака – свири тапани и им помага на другите кои ја делат нејзината животна страст.



Спонзорирани линкови

Маркетинг