Вака Американците ги сфатиле зборовите на Путин: Ја одбрани земјата, сега на прво место му се граѓаните

Точка

21/02/2019

20:04

3.666

Големина на фонт

а а а

Агенцијата "Bloomberg" оценила дека обраќањето на претседателот на Русија, Владимир Путин, пред Федералното собрание, било помалку воинствено од минатата година, и дека поголемо внимание било посветено на социјалните програми за населението.

Како што наведува "Bloomberg", Путин дал до знаење дека, откако работел на зајакнувањето на рускиот суверенитет и одбранбените можности на земјата, подготвен е повеќе внимание да им посвети на потребите на граѓаните. 

Социјалната програма која ја претставил рускиот претседател, "Bloomberg" ја нарекол "најамбициозна досега".

Американската агенција обратила внимание на тоа дека "тонот на претседателот Путин бил помалку воинствен од пред една година".

"Единствената графика користена во текот на обраќањето се однесуваше на економските проблеми", наведува "Bloomberg" и потсетува на демонстрацијата на новото оружје на Путин од пред една година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг