На претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не му беше дозволено да го посети ексминистерот Миле Јанакиески во болницата „8 Септември“. Обезбедувањето му го попречи патот и му укажа да побара одобрение од судот бидејќи на Јанакиески му е изречен 30-дневен притвор.
„Да не ја правиме голема“, му рече Мицкоски на обезбедувањето.
По кусата расправија во болничките ходници, болничкиот персонал му рече на лидерот на опозицијата да остане, а сите други да го напуштат објектот.
Со Мицкоски беа и Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски, кои останаа пред болницата.
Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30-дневен притвор поради настаните за 27 април, денеска беа претепани во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари по што беа хоспитализирани.