Секој ден има по нешто ново кога е во прашање Мауро Икарди, неговата сопруга и агент Ванда Нара како и Интер. Работите во последно време се комплицирани и навистина е големо прашање дали Икарди и наредната сезона ќе го гледаме во дресот на „нероаѕурите“.
Последната реакција овојпат дојде до Ванда Нара на која не и се допаднаа информациите, вестите на медиумите и социјалните мрежи дека Икарди ја лажирал својата повреда. Интер излезе со официјално соопштение дека напаѓачот не е повреден, односно тестовите не покажаа значајни промени во споредба со оние направени пред почетокот на сезоната, па сето ова донесе бура на реакции во медиумите.
На ова одговори Нара со една порака:
-Веднаш да престанете со тие глупости. Мауро секогаш играл, дури и кога не бил во најдобра форма. Паметам дека во мечот со Лацио, никој доктор не го советуваше да ризикува, но тој излезе на теренот за Интер и Лигата на шампионите, -порача сопругата на Аргентинецот.