Овој викенд се игра големото дерби во Премиер лигата меѓу старите добри ривали Манчестер Јунајтед и Ливерпул, дуел на кој на двата состави им се потребно бодовите поради различни цели, првите поради Топ 4 пласман кој обезбедува ЛШ, вторите за борбата за титула.
Ова воедно ќе биде битка и на Оле Гунар Солскјер и Јирген Клоп, стратези кои даваат енергија и дополнителна мотивација на играчите, па сите со нетрпение очекуваат да видат како Норвежанецот ќе се справи со овој нов предизвик со оглед на тоа што досега перфектно си ја врши работата.
Тој го цени и Клоп кој испрати комлименти на адреса на неговиот помлад колега.
-Не можеме да влеземе и да кажеме: Вие сте добри, ама ќе ве направиме уште подобри. Благословени сме со навистина добри играчи околу нас. Оле Гунар Солскјер врши брилијантна работа. Се се прави за да се извлече потенцијалот, да се истакне тимскиот квалитет. Тоа е очигледно направено и тоа го прави менаџер на врвен клуб. Тоа е така, јас не сум изненаден. Не го знаев-минатата година се сретнавме и имавме краток разговор-јас очигледно го познавав само како играч, но она што го направи досега е брилијантно, -рече Клоп.