Твитер “полуде” по генијалната торбичка: “Ова е нешто кое жените го чекаа!”

Точка

21/02/2019

18:56

4.456

Големина на фонт

а а а

Откако Лиз Никол објавила фотографија од шорцеви со надворешен џеб, стотици жени побрзале да набават исти такви.

Кратките панталончиња за кои многумина зборуваат се решение за проблемот на “вишокот ситници”, а истите за кратко време станаа вирален хит. 

Лиз Никол од Флорида споделила две фотографии на Твитер, на кои позира во шорцеви. Таа ја покажала торбичката на која гледаме отворен надворешен џеб со три помали џебови, кои ги пополнила со пари, очила за сонце и шминка.

Од објавувањето на фотографиите, Лиз собрала повеќе од 43 илјади ретвитови, а стотици жени коментирале дека ова е спасот за вечниот женски проблем – големиот број на ситници кои секојдневно ги носиме со нас.

Коментарите како “Океј, ова морам веднаш да го поседувам!” и “Ова е одличен изум!” се само мaл дел од воодушевувањата кои овој “изум” ги поттикна.

“Милионска идеја за фестивали”, коментирала една девојка.

##https://twitter.com/MSauceda99/status/1093579562401828864##

Меѓутоа, со објавата во која Никол напишала “My Mom Made It” (Мојата мајка го направи тоа), таа навела многу луѓе да помислат дека торбичката е производ на креативноста на нејзината мајка, кога во реалноста станува збор за бренд со тоа име.

Но, ваквите шорцеви не се евтини – тие изнесуваат 69 австралиски долари. Станува збор за австралиски бренд, а сета нивна облека е дело на основачот на брендот, Нире Лекенбај.

“Поради вас моите кратки панталони станаа вирални. Ве сакам, екипо!”, коментирал брендот под објавата на Лиз на својата Инстаграм страница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг