На Мицкоски не му дозволуваа да го посети Јанакиески во болница

Макфакс

21/02/2019

18:06

3.880

Големина на фонт

а а а

На претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки не му беше дозволено да го посети екс-министерот, Миле Јанакиески во болницата „8-ми септември“. Обезбедувањето му го попречи патот и му порача да побара одобрение од судот, бидејќи на Јанакиески му е изречен 30 дневен притвор.

„Да не ја правиме голема“ му рече Мицкоски на обезбедувањето.

По кратката расправија во болничките ходници, болничкиот персонал му рече на лидерот на опозицијата да остане, а сите останати да го напуштат објектот.

Со Мицкоски беа и Владо Мисајловски, Игор Јанушев и Јохан Трчуловски, кои останаа пред болницата, откако не им дозволија заедно со Мицкоски дa го посеатат Јанакиески во болничката соба.

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на кои вчера им беше одреден 30-дневен притвор поради настаните за 27-ми април, денеска беа истепани во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, по што беа хоспитализирани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг