ПОДЕМ со отворена и целосна поддршка за кандидатурата на Силјановска

Макфакс

21/02/2019

16:51

1.673

Големина на фонт

а а а

Партијата на обединети демократи на Македонија – ПОДЕМ дава јавна и отворена поддршка на Гордана Силјановска-Давкова, кандидат за претседател на Република Македонија.

„Професорката Силјановска-Давкова е докажана личност во својата професија како универзитетски професор, но уште повеќе како човек кој секогаш е на страната на правдата и доследното почитување на Уставот и законите во Република Македонија“, велат од ПОДЕМ.

Оттаму велат дека на државата ѝ е потребен претседател кој институционално ќе се бори за исправување на националните неправди кои ѝ се случија на Република Македонија и нејзините граѓани во изминатиот период.

Општинските организации на ПОДЕМ, како што најавија, ќе се вклучат активно во изборната кампања за сеопфатна промоција и поддршка, со единствена цел, Гордана Силјановска-Давкова да биде петтиот претседател на Република Македонија!



Спонзорирани линкови

Маркетинг