Некогаш ја купиле Алјаска, сега ја продаваат Монтана: Петиција за оваа држава да ѝ се даде на Канада! Еве колкава е цената

Точка

21/02/2019

17:04

3.859

Големина на фонт

а а а

Во Америка започнала петиција со која се предложува радикално решение за долговите на САД - Продажба на Монтана на соседна Канада.

Петицијата на сајтот "change.org", која од средата имала речиси 12.000 потписи, повикува на продажба на државата во вредност од билион долари. Тоа сугерира дека профитот би можел да оди кон намалување на државниот долг, кој овој месец скокнал на 22 билиони долари. 

"Имаме многу долгови а Монтана е бескорисна", се наведува во Петицијата. "Само кажете им на Канаѓаните дека има дабари или нешто слично".

Во одговорот на петицијата, во "Great Falls Tribun" било објавено дека многу од потписниците се од Монтана. 

Редакцијата исто така отвара важни прашања, како што се: "А зошто не Алјаска? Не ги допира другите држави".

Тоа исто така го крева културното значење на таквата продажба. "Дали Монтана би морале цело време да се извинуваат и дали би ни давале парична надомест како поранешни Американци?".

Но, можеби најважното, "Tribun" сака да знае како Канада ќе ја нарече територијата. "Дали Монтана и натаму ќе се вика Монтана или ќе биде Јужна Алберта".

Законодавците во Монтана дури и духовито ја преземале дебатата.

Демократката Џесика Карлајл, дала смешен аргумент во корист на ускладување со Канада. "Што е со оние кои би сакале уште сируп од јавор, подобар чај и бесплатна здравствена заштита?", рекла таа, а пренесува "USA Today".

Но, на крајот на краиштата, државниот административен комитет за администрација ја отфрлил идејата за продажба и самата петиција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг