Келвин Харис го одбележа доделувањето на “Brit Awards”, Џорџ Езра и Џорџа Смит прогласени за најдобри изведувачи

Точка

21/02/2019

16:48

1.908

Големина на фонт

а а а

Наградите за најдобрите британски музичари “Brit Awards” беа доделени вчера во О2 Арената во Лондон, а ноќта ја одбележаа Келвин Харис и британската група “The 1975”.

Харис е прогласен за најдобар британски продуцент, а освен тоа добил и награда за британски сингл на годината за песната “One Kiss” во соработка со Дуа Липа. 

Џорџ Езра добил награда за најдобар британски изведувач, а за британска изведувачка на годината е прогласена Џорџа Смит. Наградата за најдобра британска група ја освоија “The 1975”, додека “The Carters” е прогласен за најдобар меѓународен бенд.

Групата “The 1975” освои награда за најдобар британски албум, за албумот “A Brief History of Online Relationships”.

Дрејк е прогласен за најдобар машки меѓународен изведувач, додека оваа награда во женска категорија ја освои Аријана Гранде.

Спот на годината е “Woman Like Me” која ја изведува групата “Little Mix” со раперката Ники Минаж.

Наградата за критичар ја освои Сем Фендер, а наградата за глобален успех отишла во рацете на Ед Ширан.

Вечерта ја одбележал и настапот на американската пејачка Пинк на која ѝ е доделена награда за исклучителен музички придонес. “Brit Awards” како награди се доделуваат од 1977 година и се еквивалент на американските Греми награди, а ги доделува Британската фотографска асоцијација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг