Млад богаташ, Рашед Саиф Беласа (16) ја отвори вратата на својот дом во Соединетите Арапски Емирати со цел на сите да им покаже во каков луксуз живее.
Имотот на неговото семејство е толку големо што низ објектот мора да се возат со возило за голф. Поседуваат и приватна зоолошка градина во која се наоѓаат околу 500 животни. Многумина од нив се именувани по светските ѕвезди кои им доаѓале на гости, како Мараја Кери, Ријана, Роналдо и други.
Беласа се појави во емисијата на Чарли Лакстон, "Најчудни домови на светот". Една епизода беше посветена и за Дубаи каде живее Беласа.
Овој тинејџер на Инстаграм често се фали со своето богатство, од скапоцени автомобили до златни патики. Често позира со лавови, тигри и други егзотични животни. Во емисијата рекол дека би сакал да стане градежен могул, токму како неговиот татко.
"Ние се грижиме за нашите животни. Во Кенија видовме изгладнети лавови, бидејќи ги хранат еднаш месечно, но ние овде ги храниме секој ден", објаснува момчето.
Исто така, Беласа ужива во скапоцени патики, а се проценува дека неговата колекција вреди милиони долари.
Цела една соба е полна со различни патики од многу познати брендови. Поседува и пар патики кои ги носел Пол Погба, а кои биле произведени само 14 такви во светот.
За роденден доби Ферари вредно повеќе од 200.000 долари, иако сè уште не му е дозволено да вози.
Беласа вели дека многу ѕвезди сакаат да дојдат во неговата куќа за да ја посетат зоолошката градина, но тој понекогаш мора да ги одбие.