Вилијамс дебитираа во Барселона дури на третиот ден од првиот предсезонски тест, а дебитантот Џорџ Расел е задоволен што конечно добил можност да тестира.
Поранешните конструкторски шампиони, Вилијамс, лани ја имаа најлошата сезона во својата историја со само 7 освоени поени на 21 трка, но проблемите се чини дека не престануваат кај нив. Првично го откажаа планираното користење на ден за снимање на проба на болидот, потоа ги пропуштија првите два денови тест, а нивната езона почна во Среда во попладневниот дел од деног.
Утрото тимот работел на сетирање и подготовка на болидот за да Расел конечно добие можност да го проба болидот на патеката. Актуелниот Формула 2 првак мина 23 кругови на патеката.
„НЕВЕРОЈАТНО Е ШТО КОНЕЧНО ДОБИВ МОЖНОСТ ДА ГО ВОЗАМ ФВ42 БОЛИДОТ. СЕ ФКОУСИРАВМЕ ЧИСТО НА ИНСТАЛАЦИСКИ РАБОТИ, ГО ПРОБУВАВМЕ БОЛИДОТ И СОБИРАВМЕ ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ. ФОКУСОТ НЕ НИ БЕШЕ КОН ПЕРФОРМАНСИ И ЗАТОА СЕУШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ГО ПРОЦЕНАМ ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА БОЛИДОТ, НО ВОЗБУДЕН СУМ ОД ТОА ШТО ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ ВОЗИМЕ ЦЕЛ ДЕН“, ИЗЈАВИ РАСЕЛ.
Последниот ден од првиот тест ќе му припадне на полскиот ветеран Роберт Кубица.