Турчинот возел украден автомобил? Мажот кој ја предизвика несреќата во која почина Шаулиќ, тврди дека „На ништо не се сеќава“

Точка

21/02/2019

21:41

12.645

Големина на фонт

а а а

Алсин Левент, возачот на „мазда“ возилото, кој ја предизвика несреќата во кој почина кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ и неговиот пријател, Мирсад Кериќ, на својот адвокат во притвор му рекол дека не се сеќава на ништо и дека е во шок.

Покрај тоа, постои сомнеж дека автомобилот со кој управувал бил украден!

Безживотните тела на Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ се на институтот за судска медицина во Билефелд, а се очекува обдукцијата да се заврши денеска.


Во меѓувреме, Алсин Левент кој, според сомнежите, ја предизвикал несреќата, сега е во притвор кој му е одреден 48 часа после несреќата.

Во притворот го посетил адвокатот Јерит Шул, кој за германските медиуми изјавил дека неговиот клиент е во шок поради сето тоа што се случило.

„Ми рече дека не може да поверува што се случило во неделата и дека воопшто не се сеќава на несреќата“, им рекол Шул на германските репортери.


Тој исто така додал дека неговиот клиент, за разлика од првичните претпоставки, има место на живеење во Германија, поради што предложил да му се укине притворот.

Адвокатот исто така се осврнал и на „сајбер линчот“ кој наводно го трпи неговото семејство, со оглед на тоа дека негови фотографии се појавуваат на разни форуми и интернет портали. Кратко искоментирал дека ќе „преземе нешто во врска со тоа“, бидејќи семејството на неговиот клиент е загрозено.

Тешката сообраќајна несреќа која се случила во неделата наутро во Германија, кога „мазда“ возилото се удрила во задниот дел на „сеат“ возилото, во кој бил Шабан Шаулиќ со пријателите, ја шокирала Србија. Наместо после настапите да стигне дома, Шаулиќ починал непосредно после несреќата во болничка постела, а еден ден после него починал и Мирсад Кериќ.


Со тешки повреди поминал и третиот патник во „сеат“ возилото, кумот на Шабан, Слободан Стојадиновиќ, додека со лесни повреди на рамената бил хоспитализиран возачот на „мазда“ возилото, Алсин Левент (34).



Спонзорирани линкови

Маркетинг