Девојче случајно ја снимило сопствената смрт: Си ја средувала косата, а потоа на снимката се појавиле чудни искри

Точка

21/02/2019

15:46

4.026

Големина на фонт

а а а

Семејството на девојката ја објавило нејзината последна снимка пред годишнината од смртта.

На страшната снимка 12-годишното девојче од Тексас снимало како се подготвува за натпреварување за мажоретки, кога нејзината куќа експлодирала и ја убила на самото место. 

Линда Роџерс ја местела косата и направила три различни видео снимки тоа кобно утро, на 23-ти февруари 2018-та година во својот дом во Далас.

На нив се гледа насмеаната и среќна ученичка од шесто одделение, неколку моменти пред силната експлозија на гас да ја уништи нејзината куќа и да ја убие, пренесува "Daily Mail".

Нејзиното семејство спиело во моментот на експлозијата и имало среќа што ја преживеале експлозијата.

Тие подоцна го пронашле нејзиниот телефон меѓу урнатините и ја објавиле последната снимка од девојчето во пресрет на годишнината од смртта.

На нив таа зборува како не сака да ги разбуди родителите, поради што зборува тивко и не пали светло во соба.

После тоа се гледа како ја мести косата, а потоа телефонот го прикриваат искри, пред тој да стане сосема црн.

Во тој момент нејзината куќа експлодирала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг