Се појавија видеа на хеликоптерските единици: Погледнете како Русите ги уништуваат терористите во Сирија

Точка

21/02/2019

17:45

3.968

Големина на фонт

а а а

На интернет се појави видео на кое се прикажуваат борбените дејствија на хеликоптерите „Ми-35“ и „Ка-52“ на руското воено воздухопловство во Сирија.

Снимено е како хеликоптерите патролираат во текот на „слободниот лет“, но и како ги напаѓаат и уништуваат упориштата на терористите во Сирија.

Хеликоптерите се снимени како ги лансираат ракетите на наведување, а врз основа на борбените дејствија, пилотите најчесто летаат во пар при нападите. Исто така, нивните акции ги следат и беспилотни летала кои што го снимаат теренот пред нападот, а ги снимаат и резултатите од нападите.

Како што изјави полковникот Владимир Клешченко за руските медиуми, хеликоптерите од типот „Ми-28Н, Ми-28УБ, Ми-35 и Ми-8“ вежбаат разни маневри во тешки услови. Ударите се изведуваат од поединечни хеликоптери, но и во парови на висини од 50 до 200 метри и на оддалеченост од 300 до 1,500 метри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг