Мистериозна Аурора: Дали сте виделе змеј на небото?

Точка

21/02/2019

14:15

3.202

Големина на фонт

а а а

НАСА објавиле фотографии од мистериозната Аурора бореалис, која потсетува на змеј со отворена уста, подготвен да исфрли оган на небото над Исланд.

Запрепастувачките фотографии од природното чудо ги предизвикале честичките емитувани од Сонцето, кои ја „разбиле“ атмосферата и на тој начин предизвикале неверојатен изглед на светлината.

„Дали некогаш сте виделе змеј на небото? Иако вистински летачки змејови не постојат, огромната Аурора во облик на змеј се развила на небото над Исланд, на почетокот на овој месец. Аурора е предизвикана од Сончевата корона која исфрлила набиени честички од сончевите пеги, кои следеле после промената на меѓупланетарното магнетно поле до Земјината магнетосфера“, напишале од НАСА.

Оваа појава е толку чудна бидејќи „змејот“ Аурора се појавил за време на ниска активност на сончевите пеги, што значи дека нашата ѕвезда не испушта толку многу наелектризирани честички или „сончеви пеги“, како што е тоа вообичаено во овој период од годината, пренесува британскиот „Metro“.

„Во февруари немаше сончеви пеги на Сонцето, што довело до тоа да имаме многу живописна Аурора“, порачале од НАСА.

Инаку, Аурорите немаат звук, иако некои луѓе велеле дека слушаат одредено „пукање“ или бел шум, кога гледаат во оваа поларна светлост. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг