Бијонсе и Џеј Зи на необичен начин се заблагодарија за наградата на Британските музички награди, ја претставија Меган Маркл како кралица

Точка

21/02/2019

14:05

3.463

Големина на фонт

а а а

The Carters, брачниот пар кој подобро го знаеме под имињата Бијонсе и Џеј Зи, на синоќешното доделување на Британските музички награди добија награда за "најдобра интернационална група".

На самото доделување не се појавија, но поради тоа оставија видео порака која прилично потсетуваше на нивниот спот за песната "Apesh*t" и сликата од Мона Лиза беше заменета со слика од Меган Маркл. 

"Многу Ви благодариме за оваа неверојатна чест, секогаш сте ни биле голема поддршка, сè е љубов. Ви благодариме", рекла Бијонсе во краткиот говор додека Џеј Зи рекол само: "Молам".

Парот потоа се свртел и гледал во сликата на Меган Маркл каде беше претставена како кралица. Иако не беше спомената во говорот, пораката со поддршка за поранешната глумица беше јасна и направена во стил кој само Бијонсе и Џеј Зи можат да го направат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг