Со филмско бегство српскиот нарко-бос се обиде да побегне од затворот во Перу: Лидерот на озлогласената група "Америка" смислил одличен план, кој на крајот бил неуспешен

Точка

21/02/2019

13:51

4.702

Големина на фонт

а а а

Српскиот нарко-бос Зоран Михаиловиќ Јакшиќ (57), лидер на озлогасената група "Америка", минатата недела се обиде да побегне од еден од најпознатите затвори во Перу, каде издржува затворска казна од 20 години.

Во неговата банда "Америка" припаѓаше и државјанинот на Босна и Херцеговина, Смаил Шикало, кој е уапсен на почетокот на годината. Тој беше во притвор 18 месеци и се наоѓа во истиот затвор, бидејќи се обиде да пренесе еден тон кокаин во Босна и Херцеговина. Додека неговиот шеф се обидува да побегне, Шикало чека судење, а му се закануваат 25 години затвор. 


Јакшиќ, криумчар за дрога и убиец се обиде да побегне низ болницата глумејќи дека е болен, но чуварите веднаш почувствувале што сака да направи.

"Јакшиќ се жалел дека не му е добро, поради што управата на затворот одлучила да го одведе на преглед. Стражарите веднаш реагирале и неговиот план да им побегне бил неуспешен", објавија медиумите на Перу.

Не е прецизирано дали човекот со илјада лица, како што го нарекуваат Јакшиќ, по кој трагаат Аргентина, Грција, Германија, Австралија, Босна и Херцеговина, се обиде да побене од ординцијата или за време на транспортот со марицата. Според пишувањата на медиумите, Јакшиќ пред две години лично платил и организирал нарко-босот Хорхе Медина Гавилан од затворот во Перу да побегне со помош на двајца полицајци со камион кој од затворот изнесувал отпад.


Медина се согласил да биде еден од сведоците во процесот против Јакшиќ. Медина пред сведочењето побегнал, па се верува дека Јакшиќ го финансирал тоа бегство. Јакшиќ после тоа беше префрлен во самица. Оневозможени му биле контакти со други лица, а зголемен беше и бројот на чувари кои се грижеле за неговата безбедност.

"Поради тоа беше свесен дека не може туку така да побегне па неговиот план беше да побара лекарски преглед, бидејќи во тоа виде единствена можност да не се врати зад решетките", наведуваат медиумите од Перу.


Јакшиќ бил уапсен во јули 2016 година во акција на американската ДЕА, кога со лажни документи се обиде да побегне во Еквадор. Во текот на истрагата утврдено беше дека за време на криењето во Јужна Америка користел 46 идентитети. За време на престојот во затвор, Јакшиќ постојано во посета имал проститутки.

Наводно, криминалецот Оскар Родригез Гомез, познат по надимакот Турбо организирал и плаќал жени да одат во посета на Јакшиќ, а имал и чувар кој тоа го дозволувал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг