Пипен: Џексон може да ја освои титулата со овој тим на Лејкерс

Дерби

21/02/2019

12:51

1.169

Големина на фонт

а а а

Една од големите НБА легенди, Скоти Пипен верува дека сегашниот тим на Лос Анџелес Лејкерс може да ја освои титулата, но под услов екипата да ја води легендарниот Фил Џексон.

„Езерџиите“ во моментов се на дури десеттото место на Западот иако минатото лето го доведоа најдобриот играч во лигата и на светот, Леброн Џејмс. Клубот од Калифорнија има негативен учинок од 28 победи и 29 порази, па поради ова често се поставува прашањето дали сегашниот тренер Лук Волтон е вистинскиот човек за оваа работа.

Пипен го почитува Волтон, но смета дека Фил Џексон кој има дури 11 шампионски титули како тренер (Чикаго и Лејкерс) би успеал дури и со сегашниот состав да направи чудо и да го одведе клубот од „Стејплс Центарот“ на врвот во НБА лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг