Силјановска: Имам попривлечни фотографии во бикини, но не прифаќам да бидам инспирација на мажите

Нетпрес

19/02/2019

22:04

10.491

Големина на фонт

а а а

До кога ние жените мораме да се дотеруваме, за да ги убедиме мажите дека треба да не слушаат, вели професорката, Гордана Силјановска, која е кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Со кратко видео на својот фејсбук профил таа одговори на критиките и нападите преку социјалните мрежи за нејзиниот изглед. Силјановска вели дека има попривлечни фотографии во бикини, но дека не прифаќа да биде инспирација на мажите.

- Ние жените мораме вчено да се дотеруваме за да ги убедиме мажите дека не треба да не слушаат туку треба да не гледаат. Не прифаќам таква улога. Треба да ставиме крај на тоа да бидеме инспирација на мажите. Не да бидеме Гала, или Дора Мар, туку да бидеме Дали и Пикасо во политиката. Политиката стана чудовиште, а ние жените можеме да ја направиме уметност на можното, како што со животот правиме уметност на неможното кога раѓаме, вели Силјановска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг