Ибрахимовиќ се налути: Викаат дека сум стар, сега има да ги…

Дерби

19/02/2019

14:00

2.121

Големина на фонт

а а а

Ветеранот Златан Ибрахимовиќ се подготвува за втората сезона во дресот на МЛС составот, Лос Анџелес Галакси, сезона која според него ќе биде специјална.

Ибра во првата кампања запиша „дабл-дабл“ од 22 голови и 10 асистенции на 27 натпревари, а сега има намера да направи вистински „бум“ и да ги собори сите рекорди во МЛС лигата.

- Оваа сезона ќе донесам нешто за вас. Велат дека сум стар, па затоа ќе го доборам сите рекорди, - рече Ибра и додаде:

- По една сезона во МЛС, знам многу повеќе, многу подобро ги знам работите. Јас сум возбуден, со нетрпение го очекувам почетокот. Ми се допаѓа МЛС, првата сезона беше во исчекување со многу дилеми, што ќе се случи, како ќе биде, на кое ниво е и сите тие работи. Сега имам се во глава, па ќе излезам и ќе доминирам, - порача Златан кој има 31 трофеј во неговата богата кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг