Жозе Мурињо и Арсен Венгер се двајца тренери чии имиња сигурно ќе влезат во историјата како едни од најдобрите во оваа ера на фудбалот, но сите оние кои подолго ги пратат случувањата добро знаат какви битки, напади и несогласувања имаше меѓу овие двајца посебно од Португалецот кој знае да биде многу остар, па еднаш го нарече Францизунот „специјалист за неуспех“.
Сепак се чини тоа е заборавено, односно поранешниот предводник на Челси и Манчестер Јунајтед одлучи да сврти нова страница и му оддаде признаие на Венгер.
- Имаше неколку епизоди низ патот. Можам да зборувам само за мене. Навистина уживав во конкуренцијата. Тој направи голема историја во тој клуб (Арсенал). Прекарот е таму-Непобедливите … Неверојатно. Тренерска филозофија, речиси совршен тим. Тој е еден од најдобрите менаџери во историјата на фудбалот, - истакна Жозе во својата порака.
Да потсетиме, вчера Венгер доби награда за животно дело на Светските спортски награди.