За неверување: Се сеќавате кога Суарез го постигнал последниот гостински гол во Лигата на шампионите

Дерби

19/02/2019

13:30

1.632

Големина на фонт

а а а

Екипата на Барселона вечерва гостува кај Лион во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Ова ќе биде натпревар во кој уругвајскиот репрезентативец, Луис Суарез ќе се обиде да го прекине постот кој трае од 16. септември, 2015 година.

Од тогаш убиствениот напаѓач нема постигнато гостински гол во Лигата на шампионите. Од натпреварот со Рома поминаа точно 1252 дена и за тоа време одигра 16 натпревари на кои не успеа да го најде патот до мрежата.

Натпреварот со Лион е одлична прилика Суарез да стави крај на овој негативен рекорд кој го прати веќе четврта година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг