Де Роси „полуде“ и одби да ја стави капитенската лента

Дерби

19/02/2019

13:25

1.422

Големина на фонт

а а а

Екипата на Рома се радуваше на трите бода во последниот натпревар од 24. коло во Серија А откако со 2:1 ја совлада Болоња на „Олимпико“.

Освен головите, на натпреварот се случи уште еден интересен момент кој веднаш го обиколи светот.

Капитенот на „Волчицата“, Даниеле Де Роси натпреварот го започна од клупата за резерви, а во игра влезе кон средината на вториот дел. Тогаш, Алесандро Флоренци му ја дофрли капитенската лента за Де Роси да го одигра натпреварот како капитен, но искусниот фудбалер изненади со неговата постапка.

Де Роси буквално „полуде“ и му ја фрли назад лентата на Флоренци. Сепак, легендарниот фудбалер на Рома на крај го заврши натпреварот со капитенската лента на неговата рака затоа што Алесандро Флоренци во 83. минута мораше да го напушти теренот.

##https://twitter.com/GMS__Football/status/1097610724065665026##



Спонзорирани линкови

Маркетинг