Оваа Австралијанка има необична пасија – обожува да патува потполно гола

Точка

19/02/2019

17:20

10.252

Големина на фонт

а а а

Рејчел Фицпатрик од Австралија има необична пасија – обожува да патува низ светот. Но, тоа не би било ништо посебно доколку тоа не го прави потполно гола.

Како што вели, сѐ започнало во 2016 година кога требало да се венча, но човекот на нејзиниот живот изненадно ја оставил. 

Таа не дозволила нејзиниот живот да се распадне, па затоа се пријавила за учество во “Спартанската трка”, натпреварување во кое треба да се совладуваат одредени препреки. Токму таму, една група на жени ја наговориле да настапи гола.

“Бев уплашена, но си реков дека морам да го направам тоа”, изјавила Рејчел и додала дека таквото чувство е ослободувачко.

Иако израснала во конзервативна фамилија, одлучила дека при секое нејзино патување таа нема да носи облека, а многу нејзини пријатели учествуваат со неа во тоа. Таа би сакала цела Австралија да е гола и луѓето, почнувајќи од членовите на семејството, конечно да се ослободат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг