Само неколку часа откако Адолф Хитлер се самоубил, на 30-април 1945-та година, поранешната манекенка и дописничка на "Vogue", Елизабет Ли Милер, се фотографирала во неговата када.
Во тоа време била воен известувач за публикацијата "Конде Наст" и кога американските трупи влегле во Минхен, со нив била и Милер со фотографот Дејвид Е. Шерман.
Двајцата почнале да го истражуваат разурнатиот град и случајно наишле на апартман во една зграда на улицата Принценрегенплац број 16. Се воспоставило дека влегле токму во некогашниот стан на Хитлер, кој некое време бил напуштен.
"Се беше во одлична состојба, имаше струја и топла вода, а имаше и фрижидер. Ако некој ја избришел прашината за само 15 минути, станот ќе бил подготвен за новите станари, доколку не му пречела постелнината со иницијали А.Х", напишала таа во својот дневник.
Одлучиле да се фотографираат во тој стан и така настанале фотографиите кои долго ќе се паметат. Не се знае зошто одлучиле Милер да се искапе во кадата на Хитлер, а наводно, таму минале три вечери. Седеле на масата на фирерот, го користеле неговиот тоалет, а дури и спиеле во неговиот кревет.
American war correspondent Lee Miller takes a bath in Hitler’s Munich apartment hours after his suicide, tracking mud fresh from Dachau across the floor. 30 April 1945 https://t.co/Ce12310zBv pic.twitter.com/Pyvp7Jsjrd
— Cory Doctorow @pluralistic@mamot.fr (@doctorow) February 22, 2018
"Направивме се за да се чувствуваме како дома", рекла таа.
Интересно е дека пред тоа биле во логорот Дахау, каде снимиле многу стравови. Милер изјавила дека со ова необично капење сакала да измие се што видела во логорот неколку часа порано.