Вселенска сезона на лов: Со харпун против вселенскиот отпад!

Точка

18/02/2019

19:10

2.665

Големина на фонт

а а а

На луѓето како да не им беше доволно тоа што ја загадија самата планета Земја, па ја загадија дури и самата орбита на планетата – вселенскиот отпад станува се поголем проблем.

Сателитите за комуникација и GPS системите, метеоролошките сателити и слично, се во голема опасност поради вселенскиот отпад. Еден удар на некое парче на ракета или сличен вселенски отпад во важен сателит, би можел да предизвика сериозни проблеми на Земјата.

Се проценува дека во орбитата на Земјата се наоѓаат околу 40 илјади најразлични објекти и околу 7600 тони вселенски отпад.

Токму поради тоа е стартувана акцијата за собирање на вселенскиот отпад. “RemoveDEBRIS” сателитот е еден од првите „ловци на вселенски отпад“. Овој „ловец“ користи специјално дизајниран харпун кој го „лови“ отпадот и го влече во складиште.

Иако ова можеби звучи нереално, сепак функционира. Остануваат уште неколку тестирања за конечно “RemoveDEBRIS” да започне да го отстранува отпадот од вселената. Сепак, кога главната акција за чистење ќе започне и кој ќе ја финансира, се уште не е познато.



Спонзорирани линкови

Маркетинг