Ана Пеарн вели дека ги зголемила своите гради поради работата како танчерка и фетиш модел, а денес заработува продавајќи користени градници и долна облека на луѓе преку интернет.
28-годишната девојка која на социјалните мрежи се претставува како Ана Алпс, имала само 23 години кога за првпат ги зголемила своите гради поради работата, но таа пронашла и други начини на кои може да заработува.
“Веројатно имам заработено околу 30 илјади фунти продавајќи градници и долна облека”, открила таа за Daily Star.
“Вообичаено ги продавам работите – воглавно градници – по цена помеѓу 200 и 500 фунти, но еден тип сакаше посебен градник кој го видел на моите фотографии па затоа ми плати 950 фунти”.
Користената долна облека, Ана ги продава веќе три години, а признава дека имала голем број чудни барања.
“Еден маж ми испрати градник од неговата сопруга и бараше да го носам цел ден. Не го направив тоа бидејќи делумно не ми одговараше, но и бидејќи се чувствував малку чудно поради тоа”.
Ана добива огромно внимание поради големината на нејзиното деколте. Од последната операција во ноември минатата година, таа тврди дека ѝ е тешко да вози, па затоа го продала својот автомобил.