Демократска фракција: Се испили кукавичкото јајце во ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

18/02/2019

10:59

1.226

Големина на фонт

а а а

Демократската фракција на ВМРО – ДПМНЕ ја поздравува големата победа на раководството на ДПМНЕ на партиската конвенција и изборот на кандидат за претседател на претстојните претседателски избори.

„Успехот е уште поголем затоа што зацртаното сценарио и очекуваниот епилог се реализирани 102,3% според прецизните математички калкулации. Очекуваме принципиелните и победнички дневни политики на актуелното раководството на ДПМНЕ свое финале да добијат со завршувањето на претседателските избори кога ќе биде клекнат на колена кандидатот на СДСМ (без разлика дали е брат или сестра по прва или втора партиска линија на нашиот избран вмровски кандидат)”, се наведува во соопштението.

Според нив, одржаната партиска конвенција, според добро зацртаната победничка стратегија, го повтори успехот на кумановскиот и валандовскиот партиски конгрес кои ѝ донесоа невиден успех на нашата партијата досега”. „Испиленото кукавичко јаце во гнездото на ДПМНЕ и партиските камикази учествувајќи на изборите за претседател на Северна Република Македонија ќе ја остварат историската победа на ДПМНЕ над соработниците на Зоран Заев. Овие верни послушни соработници и принципиелни политичари кои досега мошне успешно го оневозможуваа Талат Џафери во вршењето на претседателската функција на Собранието, а индиректно и на Републиката, со учеството на претседателските избори ќе му го зададат последниот удар.

Нашето задоволство е уште поголемо поради тоа што мошне успешно се реализира најголемиот дел од стратегијата ,,Едно општество за сите” или ,,Сите на куп”. И либералдемократи и соросоиди, и антигуревисти и груевисти со мали и тапи ножиња, и црвенковци и заевци, и порано и подоцна освестени патриоти и квази патриоти и шарени и безбојни. Сé на еден куп за конечна и достојна вечна победа, а по победата ставање на пиедестал на заговорниците и пропагандистите на ваквата вмровска ептен алтруистичка и народна политика ослободена од секакви калкулации, а новоизбраниот претседател од нашите редови ќе има убава и ретка можност верно да се заколне пред Уставот на СРМ”, се додава во соопштението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг