Погледнете како германската електрана беше срамнета со земја: Ова е моќта на 250 килограми експлозив

Точка

18/02/2019

10:30

2.735

Големина на фонт

а а а

Во Германија вчера беше срушена некогашната термоелектрана на јаглен „Кнепер“, за што беа употребени 250 килограми експлозив.

Електраната која што се наоѓа во околината на германскиот град Дортмунд, беше затворена во 2014-та година, а германските власти одлучија сега сите објекти да ги срамнат со земја во две експлозии.

Како што пренесува германски „Билд“, после рушењето останале дури 28,400 тони бетон и железо.

Во првата експлозија беше уништен централниот дел на електраната висок 70 метри, а во другата беше срушена кулата за ладење висока 128 метри, заедно со оџакот висок 210 метри.

Како мерка на претпазливост, на безбедна оддалеченост биле евакуирани стотина жители на околните населби. Наскоро ќе пристигне и механизација за чистење на теренот, а целиот простор би требало целосно да биде исчистен и реконструиран до идната година.

Германија планира да ги „исклучи“ сите нуклеарни електрани до 2022-ра година, а германската влада исто така планира и гасење на електраните на јаглен до 2038-ма година, со цел да се намали емисијата на штетни гасови и земјата целосно да се насочи кон производство на електрична енергија преку обновливите извори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг