Катастрофален верижен судир: Поради снегот и мразот настана хаос, се судрија дури 47 автомобили

Точка

18/02/2019

09:43

2.447

Големина на фонт

а а а

Во верижен судир во близина на Оук Грув, недалеку од Канзас Сити, учествувале дури 47 возила, при што загинала една жена, додека три лица поминале со потешки повреди.

Неверојатен карамбол се случи во петокот околу 11 часот по локално време поради лизгавиот коловоз. Снимките кои што се појавија на интернет најдобро откриваат за каква катастрофа станувало збор.

Се започнало кога возач на камион, 44-годишниот Марлон Дејвис ја загубил контролата над возилото поради снегот. Тој се излизгал кон левата страна на автопатот, така што целосно го блокирал.

Набрзо налетало возилото марка „Форд“ кое што било управувано од сопругот на настраданата жена која што седела на совозачкото место.

Како што може да се види на снимките, автомобилите и камионите продолжуваа да доаѓаат и доаѓаат и се чини како никој да не е во можност да го сопре возилото навреме.

„Никогаш не сум доживеал вакво нешто“, изјави Џејмон Вивер, кој што за американските медиуми изјави дека имал премногу среќа што бил во големиот камион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг