Валверде: Барселона ќе блесне на следните натпревари

Дерби

17/02/2019

16:18

1.742

Големина на фонт

а а а

Барселона ја прекина серијата од три натпревари без победа (сите конкуренции) и славеше минимално над Валјадолид со 1-0 во Примера.

Сепак и покрај победата каталонците не беа на посакуваното ниво, пред се во првиот полувреме во кое беа непрепознатливи за да во вториот дел работите се променат, создаваат шанси, ама завршницата беше лоша или во случајот голманот Масип постојано ги читаше нивните намери.

Тренерот Ернесто Валверде знае дека неговите избрнаци можат да бидат многу подобро, а тоа според него ќе биде покажано веќе на наредните натпревари.

-Во првото полувреме имавме многу малку флуидност во нападот и не ја движевме топката со посакуваната брзина. Тие го сменија системот и не бевме течни и не можевме брзо да циркулираме, а нивниот голман беше одличен. Некои игри се добиваат вака, во вторник (против Лион) ќе биде уште еден предизвик за нас. Гледам дека тимот е подготвен да го даде најдоброто и да се врати таа форма. Понекогаш нема да бидете брилијантни во секоја игра, но следуваат четири важни натпревари пред нас и ние ќе одиме чекор по чекор, -порача Валверде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг