Агуеро верува дека може да се испише нова историја: Сити може да ги освои сите четири трофеи

Дерби

17/02/2019

15:54

1.629

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити и понатаму е жив, конкурентен во сите четири натпреварувања (Премиер лигата, Лига Купот, ФА Купот, Лигата на шампиони), па еден од најискусните играчи во тимот Серхио Кун Агуеро верува дека тој и соиграчите можат да испишат нова историја и да ги освојат пехарите во сите конкуренции.

Клубот од „Итихад“ е на првото место во првенството, во Лига Купот ќе игра во финалето против Челси, вчера ја мина петтата рунда во ФА Купот, додека пак ќе излезе на мегдан со Шалке во осминафиналето на ЛШ.

-Ако во оваа фаза на сезоната имате шанса да ги освои сите четири титули, тоа значи дека добро ви оди. Се надевам ќе се случи, Јас сум амбициозен и морате да имате високи цели. Знам дека никој тоа не го направил досега и сакам ние да влеземе во историјата. Сакам да бидам играчот кој ќе постигне гол во сите финалиња. Овој тим на Сити има капацитет се да освои, па тоа е нашиот предизвик, -порача аргентинскиот напаѓач.



Спонзорирани линкови

Маркетинг