Таткото на Нејмар откри колкави се шансите на напаѓачот да настапи против Јунајтед

Дерби

17/02/2019

15:33

1.360

Големина на фонт

а а а

Нејмар и втора година по ред не му е достапен на ПСЖ во оваа фаза на сезоната, но и без него клубот од Париз добро се снаоѓа, па така освен што му оди добро во Франција успешно го реши и првиот осминафинален меч со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

„Светците“ победија со 2-0 и се на чекор од пласман меѓу осумте најдобри, меѓутоа тоа ќе мора да го потврдат на 6 март на „Паркот на принцовите“.

За таа средба дефинитивно во „аут“ ќе биде Нејмар, а тоа го откри неговиот татко Нејмар Сениор.

-Засега Нејмар е повредан. Тоа е комплицирано и им пречи на оние што го сакаат фудбалот и кои сакаат да го гледаат како игра. Протоколот е минимум 10 недели, да се врати против Јунајтед е новозможно, -јасно порача таткото на големата ѕвезда.

Бразиелцот е во „аут“ од 23 јануари кога го повреди стапалото на дуелот против Стразбур во Купот на Франција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг