Поради нејзината пензија, Италијанец со месеци го чувал телото на починатата мајка

Макфакс

17/02/2019

15:05

3.181

Големина на фонт

а а а

Маж од северна Италија со месеци во својот дом ја чувал неговата мумифицирана мајка со цeл и натаму да ја добива нејзината пензија, објавија обвинителите во саботата.

Тој не ја пријавил нејзината смрт и го оставил телото на 90-годишната жена да лежи на троседот на кој починала.

Телото на Алба Пеирано било откриено во четвртокот откако нејзиниот лекар, кој не се слушнал со неа подолго време, ја замолил полицијата да провери што се случува со старицата. Полицајците го пронашле телото кое не било допрено од моментот на смртта, најверојатно од август.

„Ова е многу тажна и апсурдна приказна“, рекол во Савона обвинителот Џовани Батиста Феро, додавајќи дека судскиот вештак кој го испитувал мумифицираното тело никогаш досега не видел такво нешто.

Синот на починатата старица, 63-годишниот Франко Сиерло, на истражителите им рекол мајка му починала додека ја хранел со јогурт и мирно признал дека ја прикривал нејзината смрт за и понатаму да ја прима нејзината пензија.

Овој бизарен случај се одвивал во куќа во местото Албисол, недалеку од Савона, каде што Сиерло живее со неговиот аутистичен син на возраст од 20 години.

Соседите на полицајците им рекле дека не забележале ништо необично.



Спонзорирани линкови

Маркетинг