Нетанјаху покрај премиерската држи и министерски позиции - по 4 години денеска се откажа од една од нив

Макфакс

17/02/2019

15:04

1.195

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска се повлече од функцијата министер за надворешни работи, првпат откако ја презема власта пред четири години и го назначи израелскиот министер за транспорт, Израел Кац, за вршител на должност министер за надворешни работи.

Нетанјаху се соочува со критики зошто важни министерски позиции си задржа за себе, а критиките се интензивираа кога неодамна тој ја презеде улогата и на министер за одбрана, откако Авигдор Либерман поднесе оставка во ноември.

Нетанјаху, исто така е и министер за здравство.

Неговата одлука да се повлече од функцијата министер за надворешни работи дојде кратко време откако невладината организација во Ерусалим, Движење за квалитетна влада во Израел, се обрати до Врховниот суд поради бројот на министерски позиции што ги држи Нетанјаху, објавија израелските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг