По автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници, а осуммина се во тешка состојба, неопходна е соодветна реакција од државните институции, истакнуваат од партијата Демократски сојуз.
Од таму велат дека како политичка партија имаат три барања со цел да се избегнат ваков вид на несреќи во индина и да се намалат последиците.
„Прво, да се направи вонреден технички преглед над сите автобуси на Дурмо турс, но и на автобусите и комби-возилата на другите компании со кои се превезуваат патници. Потоа, да се направи вонреден увид над сите станици за технички преглед од независни експерти. Како трето, да се спречи судир на интереси односно ист сопственик да не може да врши технички преглед на возила во негова станица за технички преглед“, нагласуваат од партијата.
Додаваат дека оваа несреќа со катосрофални последици бара и анализа на поставеноста на целикупниот систем во државата.
„Во оваа насока предмет на анализа треба да биде и системот за информирање, дејствувањето на првата медецинска помош, прифатот и третманот на повредените и расположивите капацитети, дејствувањето на системот за заштита и спасување, на полицијата, јавното обвинителство итн.“, стои во соопштението на Демократски сојуз.